Connect with us

Џејмс Медисон го реши дербито, Тотенхем славеше против Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Тотенхем ја запиша својата деветта победа во Премиер – лигата оваа сезона, втора по ред, совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 1-0 на домашен терен. Екипата на Анге Постекоглу искористи една од своите шанси на натпреварот и сосема заслужено ги освои трите бода, благодарение на погодокот на Џејмс Медисон во 13. минута.

Манчестер Јунајтед имаше можности да се врати во игра, но Зиркзе и Хојлунд не успеаја да ја затресат мрежата на противникот.

Со овој пораз, „црвените ѓаволи“ паднаа на 15-то место на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови