
Легендата Џејми Варди потпиша нов договор со Лестер, официјално соопштија од клубот. Тој го продолжи договорот на уште една година и ќе се врати во Премиер – лигата откако „лисиците“ го освоија Чемпионшип и се вратија во елитното ниво на англискиот фудбал.
Сериозен придонес во ова даде и самиот Варди кој постигна вкупно 20 гола, иако не беше стартер на повеќето натпревари на тимот.
„Среќен сум со бројките што ги постигнав минатата сезона, но претстои уште многу. Се грижам за себе и секогаш сум велел дека годините се само бројка. Нозете ми се в ред и така продолжува ѐе додека не кажат „играта заврши“. Ќе дојде ден кога тоа ќе се случи, но тој ден не е сега“, изјави напаѓачот за официјалниот сајт на клубот.
Легендарниот напаѓач е дел од Лестер од сезоната 2012/13 и досега има 662 настапи и 307 голови за клубот. Тој беше ѕвезда на тимот во сензационалната титула на „лисиците“ во 2015/16 година, како и во освојувањето на ФА Купот во 2020/21 година.
Who’s ready for an afterparty? 🎉
— Leicester City (@LCFC) June 7, 2024
Jamie Vardy signs for another year! pic.twitter.com/HgQd4y5KlD

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
