Англискиот интернационалец Џејдон Санчо не сака ни да слушне за враќање во Манчестер Јунајтед. Офанзивниот фудбалер моментно е на позајмица во Борусија Дортмунд, а неговиот договор истекува на крајот од сезоната. Тој би сакал да остане во бундеслигашот и во наредниот период.
Санчо беше испратен од „Олд Трафорд“ по големиот скандал со менаџерот Ерик тен Хаг.
Англичанецот беше испратен да тренира со вториот тим на „црвените ѓаволи“ откако Холанѓанецот го обвини Санчо за непрофесионалност.
Според информациите од Германија, англискиот репрезентативец би се сложил да се врати во Манчестер Јунајтед ако и само ако Тен Хаг добие отказ. Меѓутоа, во моментов Сер Џим Ретклиф, го поддржува Холанѓанецот и покрај разочарувачките резултати.
Борусија Дортмунд е подготвена да понуди 35 милиони фунти за да го откупи комплетно Санчо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













