Детонит Плачковица не успеа преку баражот со Вардар да влезе во елитата, но во новата сезона ќе се обиде повторно да стигне до елитата. Поради тоа раководството го засили тимот со неколку нови фудбалери. Дојдоа Кирил Неделков, Христијан Поп Антоски, Панче Петров и Лука Георгиев.
Покрај новите, голема работа е задржувањето на најголем дел од фудбалерите кои испишаа историја на радовишкиот фудбал, меѓу кои Иван Настевски, Тони Мирчевски, Дарко Стојанов, Оливер Христов, Стефан Бабунски, Лука Трајковски, Анџело Николовски, Славчо Јанев, Албан Мемеди, Сухејб Рушити, Давид Бошевски и други како и голманската тројка на чело со Димитар Ѓоргиев.
Тренерот Иван Варадиновски го означи стартот на подготовките, а амбиците се Детонит Плачковица повторно да се бори за највисок пласман.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













