
Светскиот првак Франција си оди дома веќе по осминафиналето. Имаше водство од 3-1 по 75 минути, направи голем пресврт, но дозволи Швајцарија да израмни во финишот. А потоа и загуби на пенали со 5-4, откако Килијан Мбапе не го реализира петтиот пенал за „триколорите“.
Селекторот Дидие Дешамп вели дека неговата селекција испаднала на брутален начин.
„Можете само да замислите како се чувствуваме ние?! Ова е навистина брутална елиминација. Го имавме натпреварот во раце и го испуштивме. Никој не го обвинува Мбапе. Заедно победуваме и заедно губиме. Не заслуживме елиминација, но таков е фудбалот“, изјави селекторот на Франција.
Дидие Дешамп најверојатно ќе биде сменет, а медиумите веќе го најавуваат Зинедин Зидан како иден селектор на Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Нема веќе екипи со максимален ефект во Првата лига. Силекс падна во Куманово, Струга...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Роџерс Мато (Вардар)
Вардар имаше блескаво издание во Гостивар, совладувајќи го новиот прволигаш Арсими со 1-4. Роџерс...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се врати на победите во Серија А (ВИДЕО)

Прва лига
Вардар со пресврт го победи Работнички
