
Селекторот на Франција, Дидие Дешамп ги коментираше причините за поразот од Италија со 1-3 во Лигата на нации. „Петлите“ го отворија резултатот во првата минута со голот на Бредли Баркола, но потоа дозволија целосен пресврт.
„Мораме да се потпреме на фактите. Почнавме многу силно, но цело време не можевме да го одржиме ова ниво, а противникот ги казнуваше нашите грешки. Евидентно е дека во моментот не сме во најдобрата форма“, објасни Дешамп.
„Имаме доволно класа за да правиме добри работи со топката. Сепак, Италија покажа дека е многу дисциплинирана и организирана репрезентација. Ги искористија слободните простори што ги оставивме“, продолжи францускиот селектор.
„Отсекогаш сум бил одговорен за резултатите и така ќе биде и во иднина. Ние самите му дадовме оружје на противникот да нѐ порази. Тешко е да притискаш 90 минути. Ги немавме потребните ресурси за тоа. Игравме отворено, но немавме сили да се одбраниме“, истакна Дидие Дешамп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по потписот на Еберечи Езе

Евро-фудбал
Челси го претстави Жоао Педро (ВИДЕО)
