Connect with us

Десетмината од Милан славеа против Удинезе (ВИДЕО)

Милан ја запиша четвртата победа во Серија А, победувајќи го Удинезе со 1-0 на „Сан Сиро“. И покрај играњето со играч помалку повеќе од еден час по исклучувањето на Тијани Рејндерс, тимот на Пауло Фонсека успеа да ги освои трите бода со раниот гол на Самуел Чуквуезе во 13. минута.

Работите се искомпликуваа за Милан кога Рејндерс беше исклучен во 29. минута, што го направи натпреварот многу понапнат, особено во завршницата.

Во судиското продолжение Удинезе успеа да постигне гол за израмнување преку Кристијан Кабаселе, но по ВАР прегледот, голот беше поништен поради офсајд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови