Неодиграниот дерби – натпревар меѓу Јувентус и Наполи сепак, ќе се одигра, откако Апелацискиот суд на КОНИ – Олимпискиот Комитет на Италија ја прифати жалбата на тимот на Елиф Елмас, кој тврдеше дека не бил во можност да отпатува за Торино поради забрана од локалните власти да се напушти регионот во периодот на пандемија со коронавирусот. Новиот датум на одигрување ќе биде дополнително објавен.
Фудбалската федерација на Италија го регистрираше мечот службено, 3-0 во корист за Јувентус, а го казни и Наполи со минус еден бод поради непојавување на терен.
Но, Апелација на КОНИ процени дека сепак Наполи немал можност да отпатува за Торино поради забрана наметната од локалните власти.
Позитивни на Ковид 19 во тој период беа токму Елиф Елмас и Пјотр Зиелински.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













