
Гостивар го има можеби и најквалитетниот тим во лигата, а Работнички е веројатно најпријатното изненадување оваа сезона, вбројувајќи се во екипите кои го напаѓаат врвот на табелата. Интересна ќе биде денешната пресметка на овие два тима на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, затоа што победникот ќе ги задржи шампионските мисли и ќе ја зголеми самодовербата пред клучниот дел од сезоната.
Гостивар има цврста одбрана, но и напад кој не е така убедлив на стартот на пролетта. На денешниот меч тренерот Мерт Нобре нема да може да смета и на капитенот Алпер Потук и напаѓачот Марко Симоновски.
Работнички загуби на Чаир на пролетниот старт, а потоа минимално ја победи Воска на Арената. Бесир Демири вели дека „романтичарите“ се подготвени за надигрување.
„Нѐ очекува дерби натпревар против тимот на Гостивар и ние сме подготвени за предизвикот. Имаме респект за противникот, тие имаат квалитетен и многу искусен тим, ама и ние имаме свои цели и доколку сакаме да останеме конкурентни во трката за шампионската титула треба да освојуваме бодови на секој натпревар. Веруваме во позитивен епилог, а тоа секако е триумф“, изјави Бесир Демири.
Силекс во Кратово ќе го пречека шампионот Струга Трим Лум кој има нов тренер, Илчо Ѓорѓиоски.
Шкендија е фаворит на дуелот против Тиквеш во Тетово, а Шкупи ќе сака да ја продолжи пролетната победничка низа и на мечот против Пелистер на Чаир.
Во Охрид, Воска и Брера ќе имаат директна битка за опстанок.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО (денеска, 14 часот)
СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
ВОСКА СПОРТ – БРЕРА
ВЧЕРА: ВАРДАР – БЕСА 0-0

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дориев двоен стрелец за Согдиана (ВИДЕО)
