
Спортскиот директор на ФФМ, Дени Масев, се повлекува од функцијата и заминува од федерацијата. Тој вели дека е време за менување на работите и достави свој став до медиумите.
„Жал ми што на ваков начин и во овој момент, пред почеток на подготовките на репрезентацијата се обраќам до јавноста, но веројатно за се треба да има почеток и крај. Од денеска веќе нема да бидам во функција на македонската репрезентација. Причините се длабоки, но се сведуваат на мојот однос со претседателот Сејдини и потпретседателот Ракиџиев.
Федерацијата се сведува на се, но најмалку на интересот за некаков развој на македонскиот фудбал. Јас како човек кој беше директен сведок и на најголемиот успех на репрезентацијата имам право да го кажам својот став. Жал ми е за тимот и фудбалерите, но едноставно понекогаш треба да се зборува отворено, па макар тоа да предизвика и негативна реакција.
Тврдам дека веќе подолг период федерацијата е буквално приватизирана. Интерсот е присутен само за првите двајца луѓе, претседателот Сејдини и неговиот заменик Ракиџиев. Во Управниот одбор има чесни луѓе, но за жал не се запознаени со работите кои носат интерес само за Сејдини и Ракиџиев.
За Сејдини и оваа Ќуќа на фудбалот, јас, лично се заложив на секој можен начин. Од работи поврзани со А репрезентацијата, моја базична обврска, па се до приходи за ФФМ остварени преку контакти со деловни луѓе и компании. Дури и влегов во отворен конфликт со блиски пријатели. Сметам дека сега е време да ги менуваме работите.
Со оглед на тоа дека пред нашите фудбалери и репрезентација се многу важни натпревари со Летонија и Ерменија, јас како Дени Масев нема во овој момент гласно да ги посочам големите проблеми и манипулации во федерацијата за која сум подготвен да ги обелоденам по двата споменати дуели од Лигата на нации. Во периодот кој следи еднаш засекогаш треба да се расчисти со милионските суми кои се трошат на се само не за доброто на фудбалот. Од фамозните трансакции до хотелот „Куќа на уметноста“, па се до т.н. инфраструктурни „проекти“ во Велес и Македонија, па се до вработувањата во федерацијата“, вели Дени Масев во своето обраќање до јавноста.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола

Евро-фудбал
Хјулманд ќе биде нов тренер на Баер Леверкузен
