Играчот за врска на Тотенхем, Деле Али, е разочаран од поразот на својот тим на лодонското дерби против Челси. „Сините“ победија со 0-3, а Деле Али смета дека Тотенхем заслужил многу повеќе и дека резултатот е неправеден.
„Можевме да прикажеме подобра игра и да освоиме три бода. Добро го започнавме натпреварот, бевме задоволни од нашето издание за време на паузата. Мислевме дека ја контролираме играта. Резултатот е неправеден. Но, ние мора да го прифатиме тоа и да продолжиме напред“, изјави Деле Али.
Челси сите три гола ги постигна во второто полувреме, преку Тијаго Силва, Нголо Канте и Антонио Рудигер.
По првите пет кола од Премиер – лигата, Тотенхем освои девет бода и се наоѓа на седмото место.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













