Connect with us

Деклан Рајс е најдобриот играч во Конференциската лига на УЕФА

Играчот од средниот ред на Вест Хем, Деклан Рајс, е прогласен за играч на годината во Kонференциската лига за сезоната 2022/23. „Чеканите“ синоќа победија во финалето со драматична победа од 2-1 над Фиорентина, а победничкиот гол за англискиот тим го постигна Џерoд Бовен во последната минута од натпреварот.


Tој исто така влезе и во идеалниот тим, кој го објави УЕФА.


По вчерашното финале во Чешка, стана јасно дека Деклан Рајс ќе го напушти тимот на Вест Хем, а шпекулациите го поврзуваат со трансфер во германскиот шампион Баерн Минхен. За него се интересираат и Арсенал, Челси и Манчестер Сити.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови