Дејвид Бекам и Гери Невил стануваат главни фигури во новата сопственичка структура на англискиот четвртолигаш Салфорд Сити, клуб во кој веќе инвестираа уште во 2014 година. Тогаш заедно со нив беа и другите членови на славната генерација на Манчестер Јунајтед — Ники Бат, Рајан Гигс, Пол Сколс и Фил Невил, но тие повеќе не се дел од сопственичкиот тим.
Новите сопственици сега се Дејвид Бекам, Гери Невил, Деклан Кели (американски бизнисмен) и Мервин Дејвис (претседател на Британската тениска асоцијација).
Плановите се амбициозни: ќе се инвестира како во тимот, така и во инфраструктурата на клубот. Невил изјави дека целта е финансиска одржливост во следните 4–5 години, додека Бекам истакна дека Салфорд е срцето на заедницата и дека е горд што ќе биде дел од следното поглавје.
„Салфорд Сити е клуб со богата историја. Возбуден сум што ќе продолжам да бидам дел од неговиот развој“, изјави Бекам, кој веќе е сопственик и на Интер Мајами, каде игра Лионел Меси.
Иако имаа одличен напредок од аматерска лига до четврта лига со четири промоции за пет години, Салфорд оваа сезона заврши на осмото место и не успеа да се квалификува за плејоф за третата лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













