Бразилскиот ас Нејмар можеби ќе треба да почека до септември за да дебитира за Ал-Хилал од Саудиска Арабија поради повреда, изјави тренерот Жорге Жесус. Напаѓачот му се приклучи на клубот од редовите на Пари Сен Жермен минатиот вторник со двегодишен договор.
„Нејмар е иновативен и креативен играч, ќе ни помогне да се подобриме, но сега има лесна повреда и не знам кога ќе се врати. Можеби ќе биде готов до средината на септември“, изјави Жорге Жесус.
Сепак, Нејмар е повикан во репрезентацијата на Бразил, првпат по Светското првенство.
„Не знам како е повикан, Нејмар не е подготвен за настап“, дополни тренерот на Ал-Хилал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













