
Работнички со нов шеф на стручниот штаб ја продолжува сезоната во Првата лига. По заминувањето на Љупчо Марковски, за нов тренер е именуван Милан Илиевски, поранешниот истакнат фудбалер на „романтичарите“ од шампионските денови. Негова десна рака ќе биде Баже Илијоски, исто така име со големо педигре и во клубот од Дебар Маало и во македонскиот фудбалски шампионат.
Илиевски ќе дебитира на клупата на Работнички, а и воопшто во македонскиот прволигашки фудбал како тренер на денешниот дуел против Брегалница во Штип. На спротивната страна за надмудрување ќе го има неговиот поранешен „учител“ од периодот во Вардар, Илчо Ѓорѓиоски.
Во Работнички се фокусирани на натпреварот, а во домашниот табор изјава даде младинскиот репрезентативец Иван Николов.
„На ред е Работнички. Знаеме дека има промени во тој клуб, па сигурно ќе пристигнат максимално мотивирани во Штип, но ние веруваме дека можеме да продолжиме со добрите игри, а бодовите да останат во Штип“, истакна Николов пред денешниот натпревар.
Во вториот денешен дуел, Македонија ЃП го пречекува лидерот на табелата, Струга Трим Лум. Тој меч почнува во 14 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
