Елиф Елмас одигра дваесет минути за Наполи на првиот овосезонски натпревар на италијанскиот вицепрвак, во кој „наполитанците“ во огромна битка славеа на гостински терен над Фиорентина со 3-4.
„Виолетовите“ први поведоа, Наполи замина на предност со 1-2… потоа домаќините израмнуваа на 2-2 и на 3-3, за Инсиње со својот втор гол во 67. минута да ја донесе победата на „наполитанците“. Само четири минути подоцна Карло Анчелоти го уфрли во игра Елмас на местото на Алан, а „македонскиот дијамант“ одлично си ја заврши работата, носејќи цврстина во средниот ред и искусно прекинувајќи неколку опасни акции на противниците.
Елмас и Наполи во второто коло ги очекува големото дерби на италијанскиот фудбал, гостувањето во Торино против Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













