Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, го пофали својот тим за победата од 4-0 над Брајтон во Лигата на Европа. „Џалоросите“ беа немилосрдни против англискиот тим и веќе со една нога се во четвртфиналето.
„Ги добиваме натпреварите што треба да ги добиеме. Не сум направил ништо посебно откако дојдов овде, работите само си дојдоа на свое место и многу сум среќен“, изјави Де Роси.
„Рома има многу талентирани фудбалери, тоа го кажувам од првиот ден. Нашиот состав е силен, затоа и победуваме. Видов многу добри работи во нашата игра што ми се допаднаа, но во вториот дел моравме поцврсто да ја чуваме топката“, објасни поранешниот италијански репрезентативец.
Под водство на Де Роси, „волчицата“ победи на 7 од 10 натпревари, двапати одигра нерешено и загуби само од лидерот во Серија А, Интер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













