Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, го пофали херојскиот настап на неговиот тим, но призна дека Баер Леверкузен е посилниот состав и заслужено се пласираше во финалето на Лига Европа.
Реваншот на „Бај Арена“ заврши 2-2 и Баер Леверкузен се пласираше во мечот за трофејот со вкупен резултат 4-2.
Рома беше на пат да стане првиот тим што ги победил „аспирините“ оваа сезона, откако Леандро Паредес реализираше два пенали, но автоголот на Џанлука Манчини и ударот во последната минута на Јосип Станишиќ ја продолжија рекордната серија на Баер Леверкузен од 49 натпревари без пораз.
„Тоа беше херојски настап, но Баер Леверкузен е навистина силен тим. Мислам дека нашите игри во двата натпревари беа добри, немавме доволно удари кон голот и понекогаш тоа може да ја направи разликата, но момците беа неверојатни“, изјави Де Роси за „Скај Италија“.
„Пред само два дена дадовме сѐ од себе до последната секунда против Јувентус, а сега повторно бевме подложени на неверојатен физички и психички товар. Кога ќе успеете да се вратите од 2-0 и да се приближите до чудо, знаејќи дека никој никогаш не го победил противникот оваа сезона и да примиме таков несреќен гол, тоа навистина боли“, коментира Де Роси.
„На секој натпревар учам по нешто, тоа е ново искуство за мене, пред само една година бев во Серија Б. Мислам дека само четири или пет тренери на Рома играле во европско полуфинале, па горд сум на тоа. Мојата работа не е ограничена на 90 минути, тоа е да анализирам зошто не стигнавме до финалето и според мене тоа е затоа што се сретнавме со екипа која беше посилна.
Секогаш сум велел дека ќе дадеме се од себе, ќе се обидеме со сѐ што можеме и ако на крајот противниците бидат посилни, ќе им подадеме рака. Па, се случи тоа и се ракувавме“, додаде Де Роси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“













