Поранешниот играч за врска на Рома и на италијанската репрезентација, Даниеле Де Роси, го купи Остиамаре, полупрофесионален фудбалски клуб каде што ја започна својата кариера.
Де Роси вети дека ќе изгради солиден тим во крајбрежното предградие на Рим, каде што е базиран овој клуб.
Остиамаре, основан во 1945 година, моментно се натпреварува во четвртото ниво на италијанскиот фудбал.
„Мојата цел е да работам на создавање солиден, транспарентен и иновативен клуб, кој ќе биде средство за обединување на луѓето, промовирање на вредностите на заедницата и приближување на семејствата кон нивната околина. Со гордост ќе го претставуваме Остиамаре на и надвор од теренот“, истакна Де Роси.
Daniele De Rossi just saved his boyhood club from bankruptcy ❤️
— Italian Football TV (@IFTVofficial) January 24, 2025
This man is football. This man bleeds loyalty.
He’s done it all now:
✅ Player
✅ World Cup Winner
✅ Coach
✅ Owner pic.twitter.com/qcnPHnVTOV
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal