Connect with us

Де Роси го сака Киеза во Рома од следната сезона

Италијанскиот калчолигаш Рома и неговиот тренер Даниеле де Роси се многу заинтересирани да го доведат напаѓачот на Јувентус, Федерико Киеза.

Како што објави денеска „Тутоспорт“, Де Роси во Рим го посакува Киеза со кој соработуваше во италијанската репрезентација. Тој беше помошник на селекторот Роберто Манчини на Европското првенство во 2021 година, кое го освоија „аѕурите“, а Киеза беше еден од најдобрите играчи.

Де Роси е играчка легенда на Рома, тој го презеде тимот како краткорочно решение откако доби отказ Жозе Мурињо, но едноставно го препороди тимот и заработи нов договор до крајот на сезоната 2024/25.

Киеза има договор со Јувентус до јуни 2025 година, раководството на „старата дама“ ќе разговара со неговиот менаџер за продолжување на соработката, но и ќе ги ислуша сите понуди кои ги добиваат за него.

За Киеза е заинтересиран и англискиот премиерлигаш Њукасл.

Киеза оваа сезона постигна осум гола и имаше две асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања.

Рома игра одличен фудбал од доаѓањето на Де Роси, а синоќа го елиминира Милан во четвртфиналето на Лига Европа. Тие во полуфиналето ќе играат против Баер Леверкузен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови