
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, ја коментираше победата на тимот од 0-1 против Милан на „Сан Сиро“ во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа. Тренерот ги пофали играчите не само за респектабилниот резултат, туку и за севкупното добро издание на тимот.
„Ние сме сигурни во она што го правиме. Понекогаш грешиме, но знаеме што правиме и за тоа морам да ги пофалам фудбалерите. Беа одлични, моите играчи вложија многу труд. Зрелоста со која игравме, самодовербата и смиреноста на топката беа импресивни. Многу сум среќен“, изјави Де Роси.
Реваншот на „Олимпико“ се игра на 18 април.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
