Connect with us

Де Лихт одбил трансфер во ПСЖ

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Матијс де Лихт одбил да се пресели во Пари Сен Жермен за време на јануарскиот преоден рок, тврди „Л’Екип“. Французите направиле сериозен обид да го ангажираат централниот одбранбен фудбалер, но на крајот добиле одговор дека тој не е подготвен да да го менува клубот во овој момент.


ПСЖ е во потрага по централен дефанзивец во јануари по тешката повреда на Милан Шкриниар.


Клубот размислуваше за различни опции, вклучувајќи го Диего Љоренте од Лидс и Лени Јоро од Лил, кој останува во плановите на парижаните. Тие упатија и изненадувачка понуда до Де Лихт, но по долги преговори холандскиот интернационалец одбил да се пресели во Париз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови