Connect with us

Де Лихт и Мазрауи одлетаа за Манчестер на потпис со Јунајтед

Дефанзивците на Баерн Минхен, Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи одлетаа заедно за Манчестер, каде што денеска ќе ги поминат медицински прегледи пред нивните трансфери во Манчестер Јунајтед. Двата клуба ги договорија зделките во саботата, при што „црвените ѓаволи“ ќе платат за Холанѓанецот 50 милиони евра, од кои пет милиони се во форма на бонуси, и ќе додадат уште 15+5 милиони евра за Мароканецот.


Трансферот на Мазрауи зависеше од продажбата на Арон Ван-Бисака. Неговата преселба во Вест Хем се одолговлекуваше, но вчера клубот конечно постигна договор со десниот бек. Тој требаше да помине прегледи вчера попладне, но одложени се за денес. Трансферот сега веќе може да се смета за сигурен, а „црвените ѓаволи“ ќе добијат за него 15 милиони фунти.

Де Лихт и Мазрауи утрово беа забележани на аеродромот во Минхен, од каде одлетаа заедно за Манчестер. Откако ќе ги поминат медицинските прегледи, двајцата ќе потпишат петгодишни договори, со опција за продолжување на уште 12 месеци.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови