Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, одговори на обвинувањата од Андреа Пирло за прифатената жалба од Олимпискиот комитет на Италија и одлуката да биде одигран мечот со Јувентус во Торино, кој претходно беше регистриран со службен резултат. „Наполитанците“ не допатуваа во Торино затоа што немаа дозвола од регионалните власти, а во тимот имаа двајца позитивни на коронавирус, Елиф Елмас и Пјотр Зиелински.
„Зошто се буни Пирло? Тој не е адвокат и не ги познава прописите. Тој е само тренер, и тоа многу обичен тренер. Јасно е дека претходната одлука на Фудбалската федерација на Италија беше спротивна на регулативите“, изјави Аурелио де Лаурентис.
На Наполи му вратен и бодот кој му беше одземен од Дисциплинската комисија поради тоа што тимот не се појави на теренот на мечот против Јувентус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













