Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, изјави дека голгетерот Виктор Осимен е блиску до потпишување на нов договор со клубот од Серија А. Откако нигерискиот напаѓач минатата сезона го предводеше тимот до титулата, има многу шпекулации за неговата иднина.
Неговиот актуелен договор истекува во летото 2025 година, а се појавија информации дека преговорите се одвиваат добро и тој ќе го продолжи договорот на уште 12 месеци.
Сепак, договорот сѐ уште не е потпишан. Напнатост имаше и меѓу Осимен и клубот, но сега претседателот на Наполи навести дека наскоро ќе биде потпишан договорот.
„Осимен и јас сме пред потпишување на договорот што се очекуваше ова лето“, изјави Де Лаурентис на новинарите во Италија.
Тоа ќе биде непријатен удар за Челси, кој беше заинтересиран за Нигериецот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













