Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, го продолжи договорот до 2026 година.
„РФЕФ го информираше националниот селектор за продолжување на соработката, како и за продолжување на соработката со неговиот стручен штаб“, соопшти Фудбалската федерација на Шпанија.
Де ла Фуенте е селектор на Шпанија од декември 2022 година, менувајќи го Луис Енрике по Светското првенство во Катар.
Шпанија со него ја освои Лигата на нации во 2023 година, а потоа се пласираше на Европското првенство во Германија, кое започнува на 14. јуни.
„Црвената фурија“ на ЕВРО 2024 ќе игра во групата Б, со Италија, Хрватска и со Албанија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













