Connect with us

Де ла Фуенте: Јас сум како Роки Балбоа

Селекторот на шпанската репрезентација, Луис де ла Фуенте, беше гостин во популарната емисија „Ел Хормигеро“, каде што зборуваше за претстојното Светско првенство следното лето и за тензиите со Барселона околу Ламин Јамал.

„Ќе се бориме за една прекрасна цел — да станеме светски шампиони“, изјави Де ла Фуенте. „Но успехот не е само во тоа да ја оствариш целта, туку и во патот што води до неа. Не се плашам од очекувањата на навивачите, затоа што ние самите си поставуваме високи стандарди. Ќе има повреди, неуспеси, промени во составот… сè уште не знаеме со колку играчи ќе патуваме на Мундијалот. Во мојата глава постојат не само идеалниот состав, туку и резервните решенија. Размислувам за сите можни сценарија — но најпрво треба да се квалификуваме, ни остануваат уште два натпревари.“

Тој зборуваше и за односот кон фудбалерите.


„Играчите тренираат по пет-шест часа дневно, минуваат време во теретана, со физиотерапевт, психолог, диетолог… Нормално е потоа да сакаат малку да се опуштат. Затоа е неправедно кога се критикуваат. Мене ме лути кога луѓе што даваат сè од себе и се позитивен пример за општеството се напаѓаат без причина.“

Во однос на селекцијата на играчите, селекторот истакна:


„Кога не повикувам некој фудбалер, немам грижа на совест. Секогаш сум бил искрен со нив и никогаш не сум ги лажел. Со некои дури разговарам лично, за да им објаснам зошто овојпат не се во тимот.“

„Секогаш се натпреварувам за победа, но прифаќам дека понекогаш ќе изгубам. Јас припаѓам на генерацијата на ‘Роки Балбоа’ — ако паднам, станувам и продолжувам“, додаде со насмевка.

Де ла Фуенте откри и детали за секојдневната работа на националниот тим:


„Да се биде селектор е како посебна специјализација. Имаме интензивно секојдневие — гледаме по 60 до 70 натпревари неделно. Поседуваме алатки за детална анализа, а нашата сила е што ги познаваме играчите многу добро. Веќе 12 години сум тука и ги следам сите генерации. За секоја позиција анализираме по четири-пет играчи, што значи дека следиме околу 60 фудбалери. По секое коло имаме состанок за да ги разгледаме нивните настапи.“

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови