
Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, не ја исклучува можноста да го напушти клубот под одредени околности, известува каталанскиот весник „Спорт“. Договорот на Холанѓанецот со каталонскиот гигант истекува во 2026 година, но неговата иднина засега е неизвесна.
Барселона би прифатила да се раздели со играчот за сума од околу 20 милиони евра во летниот период, освен ако Де Јонг не потпише нов договор со клубот.
Сепак, според информациите, тој ќе мора да прифати значително намалување на својата плата. Покрај тоа, 27-годишниот играч изјави дека не е задоволен од малкуте трофеи со тимот.
Ова може да биде добра вест за раководството, бидејќи во изминатите сезони клупските челници неколкупати се обидуваа да го убедат Де Јонг да замине. Поради финансиските проблеми на каталонците, Де Јонг беше сметан за еден од играчите чија продажба може да донесе значителна финансиска помош во кризен период, каков што е и сегашниот.
„Подновувањето на мојот договор е честа тема во весниците, но не и за мене. Сакам да играм фудбал. На подоцнежен стадиум ќе видиме какви се намерите на клубот за мене и ќе донесам одлука заедно со мојот агент и семејството“, изјави Френки де Јонг во интервју за холандското издание „Voetbal International“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal