
Шпанскиот голман Давид де Хеа си заминува од Манчестер јунајтед, официјално потврди клубот од „Олд Трафорд“.
Тој ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата на „црвените ѓаволи“.
Шпанецот во Манчестер Јунајтед дојде од Атлетико Мадрид во 2011 година и имаше 545 настапи, а на 190 меча не прими гол и постави нов клупски рекорд. Со Манчестер Јунајтед ги освои Премиерлигата, ФА купот, Лига Европа и два Лига купа.
Де Хеа мина 12 години во англискиот премиерлигаш, за кои вели дека биле прекрасни.
„Би сакал да искажам благодарност за љубовта која ја добивав во овие 12 години во клубот. Секогаш со огромна гордост го носев дресот на најголемиот клуб на светот. Манчестер Јунајтед секогаш ќе ми биде во срцето“, истакна Де Хеа на социјалните мрежи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот
