
Поранешниот чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Давид Де Хеа, кој последните 12 години од кариерата ги помина на „Олд Трафорд“, се чини дека конечно најде нов клуб. Според информациите од Шпанија, во неговата татковина, тој е во напредни преговори со Бетис.
Клубот е подготвен да му понуди на Де Хеа краткорочен договор во јануари.
Во зимскиот преоден рок, Бетис, кој одличо ја започна сезоната, најверојатно ќе го продаде до неодамна првиот голман, Руи Силва. Португалецот неодамна го загуби стартното место на сметка на 40-годишниот Клаудио Браво.
Сепак, за да се случи трансферот на Де Хеа, Шпанецот сигурно ќе мора да се согласи да игра за помала плата, бидејќи Бетис моментно е над границата на буџетот за плати поставена од Ла Лига. Тоа значи дека некои плати мора да се намалат во јануари, што ќе вклучува и продажба на играчи како Руи Силва.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Матеј Гаштаров дебитираше за сениорскиот тим на Црвена Звезда

Интернационалци
Серафимов потпиша за Левски
