Connect with us

Де Хеа ги спаси, па потоа „ѓаволите“ го победија Брентфорд (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед оствари важна победа (1-3) на гости против Брентфорд која на „ѓаволите“ им дава надеж дека сепак можат да стигнат до четвртата позиција во Премиер – лигата и пласман во Лигата на шампионите. Голманот Давид де Хеа беше херојот на Јунајтед во првото полувреме, одбрани неколку зицери, а потоа во продолжението се разбудија и неговите соиграчи.

Младиот Ентони Еланга го отвори резултатот во 55.минута, а седум минути Мејсон Гринвуд зголеми на 0-2. Третиот гол беше дело на Маркус Рашфорд, а почесниот погодок за домаќинот беше дело на Иван Тони во 85.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови