Шпанскиот голман Давид де Хеа и понатаму е без клуб откако во летниот преоден рок не го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед. Тој сѐ уште е слободен агент, а замина затоа што клубот одлучи да го доведе Андре Онана од Интер за 55 милиони евра.
Но, Онана не ја стартуваше најдобро одисејата на „Олд Трафорд“, па сега сите се прашуваат зошто Манчестер Јунајтед така лесно се откажа од Давид де Хеа.
Интересна вест доаѓа од Островот, дека Де Хеа е подготвен да се врати во Манчестер Јунајтед, но само под еден услов. Доколку од Ерик Тен Хаг добие гаранции дека ќе биде прва опција на голманската позиција, а Андре Онана да се пресели на клупата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













