
Атлетико Мадрид размислува да го врати голманот Давид де Хеа. Шпанскиот репрезентативец е во последната година од договорот со Манчестер Јунајтед и во оваа фаза не е јасно дали ќе остане на „Олд Трафорд“ и после следното лето. „Црвените ѓаволи“ би можеле да ја активираат опцијата за продолжување на договорот за уште 12 месеци, но се поверојатно е дека тоа нема да се случи.
Атлетико го насочи своето внимание поради неизвесноста околу иднината на Јан Облак. Словенецот неодамна повторно потпиша со „душекчиите“ до 2028 година, но се надева на трансфер следното лето.
Доколку Облак биде продаден и Де Хеа не се врати во Атлетико, гигантот од Мадрид ќе донесе еден од Давид Раја и Роберт Санчез, кои и двајцата се стартери во своите клубови, Брентфорд и Брајтон во Англија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal