Лионел Меси и неговото можно доаѓање во Манчестер Сити следното лето го окупира вниманието на медиумите на Островот, но тоа воопшто не го тангира Кевин де Бруин, еден од најдобрите фудбалери на „граѓаните“ во овој момент. Белгиецот им одбруси на новинарите кога го прашаа дали би сакал Меси да пристигне на „Етихад“ по завршувањето на сезоната.
„Меси? Не ме интересира дали ќе дојде во Манчестер Сити. Искрено, не ми е гајле за тоа. Ако дојде, ќе биде тоа добра работа за тимот. Но, и ако не дојде, ќе имам доволно квалитетни фудбалери во Манчестер Сити со кои ќе можам да играм. Тоа е се засега на таа тема“, изјави Кевин де Бруин.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













