
Белгискиот фудбалер Кевин де Бруин смета дека напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, во моментов е најдобриот фудбалер во светот.
„Ако треба да размислувам за изминатиот двегодишен период, ќе го изберам Роберт Левандовски. За она што го направи кога станува збор за постигнување голови и за она што го освои со Баерн Минхен“, вели Де Бруин.
Манчестер Сити го загуби финалето на Лигата на шампионите од Челси, а во новата сезона има три бода од два натпревари, еден помалку од ПСЖ и од Клуб Бриж. „Граѓаните“ вечерва гостуваат во Белгија и ќе играат против Клуб Бриж.
„Луѓето секогаш ги зголемуваат критериумите за нас, што е нормално поради се што освоивме во Англија во изминатите пет или шест години. Затоа сега се очекува да освоиме трофеј во Лигата на шампионите. Се обидуваме и се надевам дека ќе успееме додека сум во клубот. Но, тоа не е нималку лесно како што сметаат многумина“, изјави Кевин де Бруин.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Дамјан Шишковски ќе го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Евро-фудбал
Арсенал сака да го купи Ентони Гордон од Њукасл
