Пелистер е „новиот Вардар“. Како тргнала работата во Битола, не остана речиси ниеден фудбалер од минатогодишниот состав под „Тумбе кафе“. Ситуацијата со трансформацијата на клубот оди многу бавно, фудбалерите не можат да чекаат и најголем дел од нив пронајдоа нови клубови.
Голманот Давор Талески се сели во Струга Трим Лум и ќе го брани голот на дебитантот на европска сцена.
Омар Годуијаби исто така го напушти Пелистер и потпиша за Кешла во Азербејџан. Тренерот на Пелистер, Димитар Капинковки, се наоѓа во незавидна ситуација, а „пелистерци“ се уште не ги стартувале ни летните подготовки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













