Австрискиот интернационалец од редовите на Реал Мадрид, Давид Алаба, се надева дека ќе се врати на теренот порано од очекуваното, откако ги скина вкрстените лигаменти на коленото и беше опериран во декември.
31-годишниот дефанзивец се надева дека ќе се опорави навреме за да биде вклучен во австриската репрезентација за претстојното Европско првенство во Германија, пишува шпанското издание „Релево“.
Алаба работи напорно за да ги надмине првично планираните временски рокови за неговото враќање. Се сметаше дека фудбалерот сигурно ќе го пропушти ЕВРО 2024, но тој е решен да се обиде да им пркоси на предвидувањата.
Селекцијата на Австрија е во група со Холандија и со Франција, како и со победникот од плеј-офот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













