
Дефанзивецот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Австрија, Давид Алаба ќе има нова операција на левото колено, пренесува шпанскиот весник „Марка“. Алаба е надвор од теренот од декември со скинати вкрстени лигаменти на коленото и се очекува постапката да го одложи неговото закрепнување за уште две недели.
Австриските медиуми се децидни дека Алаба нема да биде вклучен во составот за ЕП 2024. Селекторот Ралф Рангник мора да го објави составот за пријателските натпревари против Србија на 4 јуни и против Швајцарија четири дена подоцна. Тој најверојатно ќе му даде покана на Алаба да биде дел од неговиот стручен штаб, со оглед дека нема да може играчки да му помогне на националниот тим.
Селекцијата на Австрија го започнува учеството на Европското првенство со натпреварот против селекцијата на Франција на 17 јуни. Во групата се и Полска и Холандија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
