Дарко Велковски беше столб во одбраната на Македонија на трите натпревари на Европското првенство. Тој верува дека по ова големо искуство на ЕВРО, Македонија може да стигне и до пласман на Светско првенство низ тековните квалификации.
„Ја остваривме целта и одигравме едно квалитетно Европско првенство, иако очекувавме малку повеќе резултатски, да освоиме барем некој бод. Ни недостигаше и малку среќа за да можеме да ја пројдеме групата. Сега останува да се надеваме на пласман на Светско првенство. Се надеваме дека нашата генерација ќе продолжи да ги радува нашите навивачи. Би сакале да продолжиме со Игор Ангеловски, атмосферата е одлична, поминавме шест години заедно, но сега ништо не се знае“, изјави Дарко Велковски по пристигнувањето во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













