Белгискиот гигант Андерлехт е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов. Раководството на клубот ги договори личните услови со крилниот напаѓач, па сега останува двата клуба да се договорат за отштетата и Чурлинов до крајот на летниот преоден рок да го облече дресот на Андерлехт.
Штутгарт бара 4 милиони евра отштета за Македонецот, а, според информациите, Андерлехт е подготвен да ги плати за да го добие Чурлинов.
Македонскиот репрезентативец минатата сезона играше во Шалке 04 како позајмен играч, но ова лето се врати во Штутгарт и заигра во Бундес-лигата. Сепак, брзо би можел и да ја напушти Германија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













