Connect with us

Данците разочарани: Тешко е да се прифати пораз кој дојде на ваков начин

Данската фудбалска репрезентација го заврши својот пат вополуфиналето на Европското првенство, откако синоќа доживеа елиминација од Англија. Селекцијата предводена од Каспер Хјумланд играше одличен фудбал на турнирот, но на крајот, по контроверзниот пенал за Англичаните, застана во полуфиналето.


Секако, постои големо разочарување кај репрезентацијата на Данска, а селекторот Хјулманд не може да верува дека играта не беше прекината пред да биде досуден пеналот.


„Пет секунди пред да истрча Стерлинг, му реков на четвртиот судија дека втората топка е на теренот“, рече данскиот селектор. „Тешко е да се прифати ова. Во ред е да се изгуби натпреварот, но на овој начин… Човек трча на теренот покрај друга топка, а потоа му судат пенал што не постои. Ова е горчлив начин да се испадне од турнирот. Тешко е”, вели селекторот на Данска.


Данците одиграа навистина феноменален турнир.


„Бевме една од најефикасните репрезентации. Ова е страшен тим и секако дека сме разочарани по ваков пораз. Бевме блиску до финалето и на крајот останавме без него на скандалозен начин”,
дополни данскиот селектор.


Англичаните во финалето ќе играат против Италија, а натпреварот ќе се игра на „Вембли“ в недела, на 11 јули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови