Connect with us

Данскиот напад е силен, но одбраната на Англија е непробојна

Италија е првиот финалист и го чека ривалот за големиот дуел на „Вембли“ в недела. Вечерва ќе се игра втората полуфинална пресметка, дуелот меѓу Англија и Данска.


Англија е фаворит, пред се затоа што игра на домашен терен, но има уште една голема причина зошто „трите лава“ имаат предност пред гостите од Данска. Одбраната на Герет Саутгејт функционира беспрекорно, пред полуфиналниот натпревар голманот Џордан Пикфорд никогаш не ја извади топката од својата мрежа.
Данскиот напад гази, но англискиот ѕид досега беше непрооден.


„Одбраната делува одлично, но секој нов натпревар е ново големо искушение. Данска е квалитетна селекција и ние имаме максимален респект“, вели селекторот на Англија, Герет Саутгејт.


Сепак, на последниот дуел на овие селекции на „Вембли“ минатата есен, славеа Данците. Стрелец беше Кристијан Ериксен од пенал, кој сега не е способен за настап откако колабираше на првиот меч на ЕВРО против Финска.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови