
Симон Кјаер се согласил да го продолжи договорот со Милан до 2024 година, соопштија челниците на лидерот во Серија А. Капитенот на Данска, Кјаер стана член на седумкратниот европски шампион во јануари минатата година и стана голем миленик на навивачите од црвено-црната половина на Милано.
“Милан среќно објавува дека Симон Кјер го продолжи договорот со клубот до 30 јуни 2024 година“, се вели во официјалното соопштение. Данскиот ветеран досега настапил на 66 натпревари во дресот на “росонерите”, и беше именуван во потесниот круг од 30 играчи за овогодинешната “Златна топка”.
32-годишниот играч доби широки пофалби во текот на летото за тоа како се справи со трауматичниот колапс на Кристијан Ериксен за време на Европското првенство. Во еден момент тој мораше да се обиде да ја смири вознемирената партнерка на Ериксен, која плашејќи се од најлошото истрча на теренот. Голем број навивачи на Милан беа толку трогнати од лидерството на дефанзивецот, што побараа тој да се стекне со приматот капитен на клубот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
