Даниеле Де Роси би можел да стане тренер на Салернитана, тврдат медиумите од Апенините. Легендата на Рома моментално е асистент на Роберто Мачнини во италијанската репрезентација, но е подготвен да започне самостојно да работи.
Раководството на Салернитана размислува дали да го отпушти Давиде Никола поради незадоволителните резултати на почетокот на сезоната. Никола беше назначен во февруари и под негово водство тимот од Салерно направи многу силен финиш во минатата сезона, задржувајќи го своето место во Серија А.
Меѓутоа, сега ситуацијата е поинаква. Салернитана има само една победа од 8 натпревари, а пред неколку дена загуби со 0-5 од Сасуоло.
Решавачки за судбината на Никола најверојатно ќе биде дуелот со Верона. Доколку не бидат освоени три бода, Давиде Никола речиси сигурно ќе се збогува со функцијата, а на негово место ќе дојде Де Роси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













