
Шпанскиот фудбалер Дани Себалјос го продолжи договорот со Реал Мадрид до јуни 2027 година, соопштија „кралскиот клуб“.
Претходниот договор на 26-годишниот играч од средниот ред истекуваше на крајот на јуни.
„Себалјос го носеше дресот на Реал Мадрид на 120 натпревари во текот на четири сезони, во кои освои 11 трофеи“, се вели во соопштението на актуелниот вицешампион на Шпанија.
Претходно договорите со Реал ги продолжија играчот од средниот ред Тони Крос и дефанзивецот Начо Фернандез.
Реал Мадрид во летниот преоден рок го доведе играчот за врска Џуд Белингем од Борусија Дортмунд, а според шпанските медиуми се очекува договорот со мадридскиот клуб да го продолжи и 37-годишниот играч за врска Лука Модриќ.
Денеска се појави бомбастична вест дека Килијан Мбапе треба да пристигне во Реал ова лето.
Реал Мадрид ќе ја започне новата сезона во Ла Лига на 12/13 август гостувајќи на Атлетик Билбао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бошко Ѓуровски доби награда за животно дело од Црвена Звезда

Интернационалци
Торино сака да го откупи Елиф Елмас од Лајпциг
