Connect with us

Дани Олмо пред трансфер во Барса: Денеска е денот за да падне конечен договор

Дани Олмо, одличниот офанзивец на Лајпциг и репрезентативец на Шпанија, ги има договорено со Барселона сите детали околу враќањето во матичниот клуб. Останува уште да се договорат неговиот актуелен и поранешен клуб.

Денешниот ден е оценет како клучен за иднината на Дани Олмо и реализацијата на трансферот.

Откако во понеделникот во Лајпциг слетаа играчот и неговиот агент Енди Бара, по нив дојде и спортскиот директор на Барселона, Деко.


Олмо и Барселона ги договорија деталите на договорот до 2030 година, но сега мора да се договорат клубовите. Денес ќе се одржи важен состанок. Барселона ќе даде нова, подобрена понуда за да го убеди Лајпциг да го продаде Олмо.

Претходно се пишуваше дека Барселона за Олмо понудила 40 милиони евра, кои би ги плаќала на рати од 10 милиони евра годишно почнувајќи од 2025 година. Десет милиони евра бонус би стигнале до Лајпциг ако Барселона до 2029 година освои две Ла Лиги, а уште десет ако во истиот период двапати ја освои Лигата на шампионите.

Се пишуваше и дека Лајпциг, само поради добрите односи кои ги има со агентите на Олмо, одговорил на понудата бидејќи ја доживеале како навредлива. Потоа до Лајпциг беше испратена нова понуда. Таа изнесуваше 55 милиони евра фиксно, 4 милиони евра преку лесно остварливи бонуси и уште 3 милиони преку бонуси кои ќе бидат нешто потешко остварливи. Ни таа не беше прифатена.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови