Connect with us

Дани Олмо ќе паузира најмалку три седмици по повредата на рамото

Дани Олмо ќе биде надвор од терените околу три недели поради исместено рамо, објави Барселона.

Олмо ја доби повредата за време на дербито во Ла Лига против Атлетико Мадрид, кое Барселона го доби со 3-1. Тој мораше принудно да биде заменет во 66. минута.


Шпанецот го повреди рамото токму во моментот кога го постигна голот за пресврт против „јорганџиите“. По ударот лошо се приземји и не можеше да продолжи да игра.

Најверојатно Олмо ќе го пропушти дуелот со Бетис во првенството, како и натпреварот против Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на шампионите.

Во тековната сезона, шпанскиот репрезентативец има одиграно 17 натпревари за Барселона во сите натпреварувања, на кои постигна четири гола и запиша две асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови