
Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо одговори на провокативно прашање пред финалето на Евро 2024 против Англија. Тој беше запрашан дали е подготвен повторно да постигне хет-трик и да му попречи на Хари Кејн да го освои својот прв трофеј во кариерата, како што се случи пред една година, кога Олмо беше главен играч во победата на Лајпциг против Баерн Минхен во натпреварот за Суперкупот на Германија.
„Многу би се радувал, ха-ха! Секако, да постигнам хет-трик во финалето и да го освоиме трофејот е еден сон. Повторувам, сепак, дека најважна е победата. Би било прекрасно ако победиме во финалето, а јас придонесам за тоа“, сподели Олмо.
Офанзивниот играч за врска се запиша во четвртфиналето против Германија (2-1) и во полуфиналето против Франција (2-1), и се очекува да биде стартер и вечерва.
Финалето на „Олимпијаштадион“ во Берлин е од 21 часот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
