
Дани Карвахал се појави пред шпанските новинари, а една од главните теми беа судиите во Ла Лига, поточно Хил Манцано, кој неодамна направи неверојатна грешка на натпреварот Валенсија – Реал Мадрид.
Дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид се одигра на почетокот на овој месец на „Месталја“ и заврши со резултат 2-2, иако гостинскиот клуб успеа да постигне гол во последниот напад.
Сепак, за многумина е неверојатно дека судијата Хил Манцано во моментот на центаршутот свиреше за крај на натпреварот, а само неколку секунди подоцна Џуд Белингам постигна гол за 2-3 кој на крајот не беше признат.
Белингем жестоко му приговараше на судијата поради нереалниот потег, а Манцано не ги толерираше приговорите на ѕвездата на Реал Мадрид и му покажа директен црвен картон. Англичанецот на крајот беше суспендиран.
По овој меч и големата грешка на Манцано, во Шпанија се крена огромна прашина. Сега, кога релативно сѐ се смири, свој коментар за случувањата на „Месталја“ даде и Дани Карвахал.
Десниот бек на Реал Мадрид моментално е во шпанската репрезентација и вчера се појави пред новинарите.
Карвахал се осврна и на Манцано, за тој натпревар против Валенсија и изненади многумина со тоа што го кажа.
„Сите грешиме. Хил Манцано беше многу критикуван по натпреварот против Валенсија. Тој згреши, но и јас згрешив на тој натпревар по кој тие дадоа гол. Сите сме луѓе, нели? Сигурно не сакаше тоа да се случи и мора да признаеме дека да се биде судија е многу, многу тешко“, изјави Карвахал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нејмар со нов пех, сега закачи „корона“

Евро-фудбал
Ерик тен Хаг го сака Гарначо во Баер Леверкузен
