
38 години 17 сезони во елитата – Шпанија, Италија и Франција – a меѓу нив почетокот и најверојатно крајот – во Бразил. Дани Алвеш остана омилен кај фановите и во Севилја и во Барселона, секаде каде што настапуваше.
И се уште е максимално амбициозен. Фудбалерот кој има освоено најмногу трофеи во кариерата ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Бразил на Олимписките Игри во Токио.
Селекторот Андре Жардин е само три години повозрасен од Алвеш. Но, нему му е јасно. Тој е совршен лидер кој сигурно ќе стори се за да го освои златото и на ЛОИ во Токио.
„Тој е лидер, победник, има огромна харизма, тој е многу почитуван од сите бразилски играчи. Тој е одличен пример за оваа генерација играчи што ги имаме. И, интересно, тој никогаш не учествувал на Олимпијада, па затоа мислевме дека ова ќе биде совршен брак. Тој ќе биде пример за тимот, се однесува кон останатите млади фудбалери како татко. Се сеќавам кога му предложив да биде дел од олимписката репрезентација на Бразил, очите му светнаа. Тоај е симбол за посветеност кон националниот тим”, вели Жардин.
Бразил ќе дебитира во Токио на 22 јули во Јокохама против Германија, потоа следат соочувања со Брегот на Слоновата Коска на 25 јули во Јокохама и со Саудиска Арабија на 28 јули во Саитама.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан
